Белгиските фудбалери беа разочарани што не успеаја да постигнат гол против цврстиот македонски одбранбен бедем, а некои од најзрелите шанси за Црвените ѓаволи ги имаше Жереми Доку. Крилото на Манчестер сити си ја пробуваше среќата 90 минути со дриблинзи и трчање по левата страна. „Фрустрирани сме затоа што не ги искористивме нашите многубројни шанси. Мислев дека ќе постигнеме гол, но на крајот, тоа не се случи. Можеби ни недостасуваше малку ...

Белгија не ја искористи доминацијата на теренот за да постигне гол и да дојде до посакувана победа во дуелот со Македонија, па избраниците на Руди Гарсија разочарани го напуштија стадионот во Гент. Жереми Доку беше еден од најопасните белгиски репрезентативци во вчерашното реми без голови против нашата селекција, а по средбата истакнал дека и самиот е виновен што не искористил некоја од своите шанси за да го скрши отпорот на македонската ...