Според првичните податоци од Државната изборна комисија (ДИК), ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што ја предводи се во убедливо водство во првиот круг од локалните избори, со предност во 54 општини низ државата. ДИК соопшти дека досега се обработени 90,62 проценти од гласовите, односно 3.148 од вкупно 3.474 избирачки места, што претставува речиси целосна слика за резултатите од првиот круг. Коалицијата Вреди засега води во осум општини, додека СДСМ е во ...
По обработени 99 отсто од гласовите, од СДСМ соопштија дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ, заедно со коалицискиот партнер ЗНАМ, забележала голем пад на поддршката во споредба со минатогодишните избори. Според анализите што ги презентира партијата, ВМРО-ДПМНЕ изгубила околу 135.000 гласа, што претставува пад од 30,8%, додека ЗНАМ има пад од 56.200 на 38.034 гласа, односно околу 33% помалку. Од СДСМ нагласуваат дека нивниот резултат бележи минимален пад ...

