На 27.11.2023-та година Македонија ја разбуди веста дека е исчезнато 14-годишно девојче. Вања Ѓорчевска од Скопје. Нејзината фотографија со брзина на светлината се ширеше по социјалните мрежи. Полицијата на нозе, граѓаните вознемирени. Сите тој ден посилно ги гушкаа децата, се плашеа од неколкуте можни сценарија, за на крај да се потврди дека е најлошото. Вања е убиена. Рано наутро, во срцето на градот, во Дебар Маало, Вања го напушта својот дом ...
Денес се навршуваат две години од свирепото убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска, случај кој ја потресе целата држава. Девојчето исчезна на 27 ноември 2023 година, а неколку дена подоцна беше пронајдено мртво, по брутално киднапирање и убиство. За злосторството, Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев беа осудени на единствена казна – доживотен затвор, по десетмесечен судски процес во Основниот кривичен суд Скопје. ...

