Народното собрание на Бугарија денеска ја избра новата Влада што ќе предводи премиерот Росен Жељазков. „За“ гласаа 125 пратеници, „против“ беа 114, а немаше воздржани. Со тоа, по многу обиди во изминатите четири години, неколку изборни циклуси, и два и пол месеци по последните парламентарни избори, Бугарија доби редовна политичка влада. Владата на Жељазков беше поддржана од пратениците на ГЕРБ-СДС, БСП-Обединета левичарска партија и Има таков ...

По четири години неуспех да формира одржлива влада и повторени предвремени парламентарни избори, Бугарија доби нов кабинет. Парламентот го избра Росен Жељзков за премиер кој беше номиниран од најголемата политичка сила – ГЕРБ. Изгласана е и структурата на Советот на министри. Повторно гласаа 239 пратеници – 125 го поддржаа составот на кабинетот Жељазков, 114 беа против, 0 воздржани. На Бугарија ѝ е потребна редовна влада за да спроведе политики ...