Францускиот претседател Емануел Макрон во наредните денови може да го објави воведувањето на нов модел на доброволна воена служба, проект што се разгледува веќе неколку месеци. Според повеќе усогласени извори, како можен датум за објавата се споменува четврток, 27 ноември, иако засега нема официјална потврда од Елисејската палата. Како што пренесува „24 Ore“, иницијативата предвидува младите Французи доброволно да се приклучат на краткорочна ...
По Германија, и Франција ќе претстави нова доброволна воена служба, со што се согласуваат речиси сите политички партии. Проектот, кој не предвидува регрутација, е осмислен да го насочи обучениот персонал кон активните или резервните вооружени сили. Во последниве години политичарите ја предлагаа воената служба како начин на дисциплинирање на младите луѓе или создавање социјална кохезија. Сега, главниот мотив е да се зајакнат вооружените сили ...

