Откако сите обвинети за трагедијата во ПУЛС истакнаа дека не се чувствуваат виновни за кривичните дела кои им се ставаат на товар, главната расправа продолжи со воведни зборови на одбраната. „До ден денес се чудам и се уште не можам да поверувам што се случи таа вечер. Цели девет месеци сум затворен во четири ѕида, секојдневно ја преживувам таа трагична ноќ. Не можам да поверувам што се случи. Јас како родител, дали би бил способен да фали ...
Сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов со солзи во очите говореше за време на денешното рочиште за трагичниот пожар кој однесе 63 човечки животи, а кај околу 200 предизвика сериозни повреди и трауми. Изрази неверување за настанот во клубот и рече дека секојдневно ја проживува трагичната ноќ. Колку се грижел за безбедноста во „Пулс“ и на гостите рече дека „најдобро знаат сите кои добро го познаваат“. „До ден денеска се чудам и сè уште ...

