Поранешниот освојувач на „Златната топка“, Роналдо ќе се кандидира за претседател на Фудбалската конфедерација на Бразил. Легендарниот напаѓач смета дека на фудбалот во земјата му се потребни сериозни промени за националниот тим да се врати на врвот. Бразилската репрезентација има сериозни проблеми со резултатите во изминатите неколку години. „Кариоките“ последен пат беа светски шампиони во 2002 година и во меѓувреме најдобриот резултат им е ...
Луис Назарио де Лима Роналдо, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, се кандидираше за претседател на Бразилската фудбалска асоцијација. Поранешниот ас на Барселона, Интер, Реал Мадрид и Милан, два пати добитник на Златната топка, се кандидира за функцијата наместо досегашниот претседател Едналдо Родригез. Неговата главна причина е верувањето дека бразилскиот фудбал предолго стагнира, уште откако неговата генерација со Ривалдо, ...