Италијанскиот истражувач Алесандро Коати (42) е убиен и распарчен во Колумбија, соопшти во вторникот италијанската амбасада во Богота. Неговата глава и раце биле пронајдени во куфер во близина на стадион во градот Санта Марта. Полицијата го открила неговиот идентитет благодарение на хотелската нараквица што ја носел на зглобот, а други делови од телото на истражувачот биле пронајдени во друг дел од градот. Според првичните реконструкции, мажот ...
Телото на истакнатиот 42-годишен научник од Италија, Алесандро Коати, е пронајдено распарчено во куфер во колумбискиот град Санта Марта, каде што Алесандро бил на одмор. Куферот со телото бил фрлен во поток, јавува „Асошиејтед прес“. Полицијата досега ги пронашла само главата, рацете и стапалата, додека се бараат торзото и другите делови од телото на несреќниот Италијанец. Коати всушност бил по потекло од Италија, но со години живеел и работел ...

