Арне Слот беше херој на Ливерпул откако во првата сезона успеа да ја донесе титулата на „Енфилд“, но холандскиот стратег на најтежок начин ќе дознае дека не може долго да се живее „на стара слава“. Последните информации од „островот“ говорат дека Слот е многу блиску до отказ од Ливерпул откако холандскиот стратег делуваше безидејно во обидите да го извлече тимот од големата криза. Поразот од 0-3 на домашен терен од Кристал Палас ја прели чашата ...
Пред мечот со Астон Вила, Ливерпул имаше шест порази во седум одиграни натпревари и во сите натпреварувања. Последниот беше во Карабао Купот и тоа дома, а пред неколку дена на Енфилд, Кристал Палас славеше со победа од 3:0. Арсенал вчера оствари уште една победа и пред почетокот на натпреварот на Енфилд, „Топџиите“ имаа предност од десет бода. Сепак, Ливерпул оствари победа од 2:0, и ја намали таа разлика на седум бода. Оваа победа на тој ...

