Левица бара поддршка за вториот круг на изборите од гласачите на СДСМ и на независните кандидати. Амар Мециновиќ, кој ќе се бори против Орце Ѓорѓиевски од ВМРО ДПМНЕ, во првиот круг освои 30.665 гласа. За да ја престигне бројката од 91.663 гласа што ја освои Ѓорѓиевски, ќе му треба силна поддршка. Од ВМРО ДПМНЕ, пак, ќе ја продолжат кампањата во истиот стил. Партиите ја почнуваат кампањата за вториот круг и со повици за масовен одѕив, откако се ...

Политичкиот аналитичар Никола Србов во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21, вечерва рече дека влезот на Амар Мециновиќ од Левица во вториот круг за градоначалник на Скопје не е изненадување, и дека тоа се должи на слабоста на СДСМ. „Успехот на Левица и вториот круг во Скопје е поради неуспехот на СДСМ“, рече Србов. На прашање дали очекува дека СДСМ да ги даде гласовите на Левица во вториот круг, Србов додаде: „Според мене би било понижување ...