Македонската фудбалска репрезентација го започна последниот собир за 2025 година. Нашата најдобра селекција во својата база во хотелот „Хилтон“ од денеска ја почнува мисијата „Велс“. Против Велс ќе играме на гости, на 18 ноември во Кардиф, во меч кој треба да одлучи дали Македонија или Велс ќе биде втора на крајот од групата во квалификациите за пласман на Светско првенство 2026 година. Пред мечот во Кардиф, Македонија ќе одигра и контролен ...
Гостувањето во Кардиф кај селекцијата на Велс во вторник, ќе биде финалниот чекор на Македонија да дојде до второто место во групата во квалификацискиот циклус за пласман на Мундијалот 2026 година. Репрезентацијата предводена од Благоја Милевски слободниот термин во ова девето коло ќе го пополни со пријателски меч против Летонија, кој се игра вечерва од 18:00 часот на Националната Арена „Тодор Проески“. Дуелот против Летонците ќе биде загревање ...

