Преку проектот за подобрување на социјалните услуги поддржан со грант од Светска Банка, Општинската организација на Црвен крст Битола и Општина Битола, започнуваат со реализација на услугата Дневен центар за стари лица со активно стареење. Социјалната услуга која е наменета за лицата од третата доба-старите лица, всушност преставува превенција на потребата од вонсемејна заштита, односно целосна поддршка и исполнување на потребите на старите лица ...
По повод Светскиот ден на волонтерството повеќе пратеници, вклучувајќи го и претседателот на Собранието Африм Гаши, денеска ќе се приклучат и ќе волонтираат на неколку пунктови на Црвениот крст на РСМ. Најнапред пратениците ќе ја посетат централна канцеларија на Црвен крст на РСМ, а по поздравно обраќање на претседател на Црвен крст на РСМ, Ромел Велев ќе бидат трансферирани до работни позиции за волонтирање на територија на град Скопје. Тие ќе ...
Во Битола, вчераeвечер беше пуштен во употреба реконструираниот Дневен центар за стари лица со активно стареење – услуга што се реализира преку грант од Светска банка во партнерство меѓу Општина Битола и Општинската организација на Црвениот крст. – Проектот има за цел да обезбеди поддршка за лицата од третата доба и да спречи нивна потреба од вонсемејна заштита. Преку организирани активности, стручна грижа и социјална поддршка, центарот ќе ...
Просториите на центарот кој се наоѓа во централното градско подрачје, свечено ги отворија градоначалникот Тони Коњановски и генералниот секретар на Црвен крст на Македонија, Саит Саити. Во обраќање до присутните, градоначалникот Коњановски потсети на проектите што локалната самоуправа ги поддржува, а ги реализира ОО на Црвен крст-Битола, меѓу кои поддршка за обука на лица за лична асистенција, обука за лица за нега во домот, потоа поддршка за ...

