Над 500 маски, поединечни и групни, од Прилеп и од други градови низ Македонија, се претставија на денешното централно дефиле од 22-то издание на Карневалот Прочка 2024. Покрај дефилето имаше и куклено шоу, магионичари, жонглерски и други атракции, кои се карактеристични за овој празник, а ниту поројниот дожд во еден момент не ги спречи учесниците да ги претстават своите креации пред бројната публика. Пред присутните свој поздравен говор ...
Групната маска „Тутуноберачите“ на децата од прилепските градинки „Наша иднина“ ја понесе Гран при наградата на годинашниов прилепски карневал „Прочка 2024“. Во своето обраќање градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески рече дека во духот на вековната традиција и прилепските и македонски обичаи, денес се празнува празникот Прочка кој што од верски аспект претставува манифестација на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните. „Со својата ...