Претпоследната вечер од музичкиот дел на „Охридско лето“измина во знакот на уметници од Србија, со концертот на мецосопранот Љубица Вранеш и басот Драгољуб Бајиќ, во придружба на пијанистката Наталија Мијаиловиќ во катедралната црква „Света Софија“. Публиката знае да награди кога ќе и биде приредено вонсериско уметничко доживување. Со овации и силни аплаузи во Охрид беше поздравен настапот на извонредните уметници од Србија. „Ми беше чест и ...

Извонредните гласови на мецосопранот Љубица Вранеш и басот Драгољуб Бајиќ придружувани од пијанистот Миливоје Велјиќ одекнаа вчеравечер под сводовите на акустичната црква „Света Софија“. Реномираните српски уметници настапија во рамки на Српската вечер на фестивалот „Охридско лето“ изведувајќи познати арии од оперите на Бизе, Гершвин, Верди, Моцарт Сен-Санс, Маскањи, Пучини, како и дела од Пјаф, Елета Алмаран, ди Куртис, Рота и ди Капуа за што ...