Република Северна Македонија треба без одлагање да премине во следната фаза од пристапните преговори со Европската унија, веднаш штом ги исполни претходно преземените обврски, вклучително и уставните измени. Ова стои во клучната препорака што синоќа ја усвоија пратениците од Собранието и европратениците во рамки на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ–Македонија, чиј копретседавачи се Иванка Василевска од ВМРО–ДПМНЕ и европратеникот Карло Реслер, ...
Министерот за европсаки прашања Орхан Муртезани најави напори и обид за трет можен протокол за надминување на спорот и забрзување на евроинтеграциите. Целта е како што рече враќање на довербата меѓу Скопје и Софија. Сепак во насока на уставните измени веќе посочи дека тоа е превземена обврска која мора да се направи но потребно е и враќање на довербата за да се врати и дијалогот . Дека добриот дијалог со соседните земји секогаш е најдобриот ...

