Француската ракометна ѕвезда, Дика Мем, потврди дека се отпочнати разговорите со Барселона за продолжување на договорот со каталонскиот гигант. Репрезентативецот на „триколорите“ изјави дека има понуди и од други големи клубови, но во моментов е фокусиран на настапите за Барса, каде може да се задржи и во следните сезони. „Разговараме со управата, но ги разгледуваме и другите опции. Ништо не е ново, отсекогаш било така откако пристигнав тука. ...
Според германскиот весник „Билд“, францускиот десен бек, Дика Мем, би можел да му се придружи на гигантот Фуксе од Берлин. Неговиот договор со Барселона истекува во 2027 година, а Фуксе сака да го искористи моментот додека Мем преговара со Каталонците за нова соработка. Германците известуваат дека Мем го посетил тренинг центарот на Фуксе во Берлин, но директорот Боб Ханинг негираше дека преговорите се започнати. Матијас Гидсел, кој има ...

