Повеќе од 200 часа е блокиран патот кон кочанската Градска депонија. Граѓанските активисти и жителите на Кочани кои се на баракадите и не дозволуваат депонирање на сметот од четири општини синоќа имаа состанок со градоначалникот, Љупчо Папазов. Договорено е да се изгради физичка бариера околу депонијата за да се спречи неовластен пристап. Местото да биде ставено под видеонадзор, да бидат ангажирани лица за обезбедување на теренот 24/7 и да не се ...

Граѓанските активисти и жителите на Кочани од вечерва почнаа да ги пропуштаат камионите со отпад на кочанското комуналното претпријатие „Водовод“, но не и на останатите три општини Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево. Одлуката ја донесоа вечерва на барикадата кај кочанското село Бели. Протестот им продолжува. Инаку на средбата со кочанскиот градоначалник Љупчо Папазов беше договорено да се изгради физичка бариера околу депонијата за да се спречи ...