Возач од „Македонија пат“ повреден откако со „ивеко“ удрил во друг камион „мерцедес“ на само 500 метри после клучката Желино на автопатот Скопје – Тетово. Возилото на „Македонија пат“ го управувал 54-годишниот Ј.С. од селото Рогле, а „мерцедесот“ 51-годишниот скопјанец Н.С. – Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот Ј.С. констатирани во Клиничка болница Тетово, информира СВР Тетово. Увид на лице место е извршен екипа од СВР Тетово. ...

Официјализирани се информациите за сообраќајната несреќа која утрово го отежна сообраќајот на автопатот Скопје – Тетово. Во судирот учествувало возило на ЈП „Македонија Пат“, а едно лице завршило во болница. Според информациите од Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово, несреќата е пријавена утрово во 10:05 часот. Инцидентот се случил на автопатот, на околу 500 метри по исклучувањето за селото Желино. Во судирот учествувале две товарни ...

На 21.12.2025 во ОВР Радовиш е пријавено дека околу 21:30 часот во с.Ораовица, радовишко, патничко возило „опел корса“ без регистарски ознаки, управувано од И.В.(46) од с.Ораовица, удрило во паркирано патничко возило „форд фокус“ со радовишки регистарски ознаки, сопственост на Ц.Л. од истото село. Во незгодата, возачот И.В. се здобил со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Радовиш. Запознаен е јавен обвинител и при преземање мерки ...