Што имало во водата што ја пиеле жителите на Гостивар сè уште не ѝ е соопштено на јавноста, иако лабораториските анализи се завршени и доставени до Јавното обвинителство. Додека институциите молчат, повеќе од 3.100 граѓани побарале лекарска помош. Министерот за здравство Сашо Клековски потврди дека Министерството ги има резултатите, но рече дека тие нема да бидат објавени без согласност од Обвинителството. Директорката на Институтот за јавно ...
Градинки, болници, ресторани, верски објекти, јавни чешми и институции во Гостивар се под засилени инспекциски контроли по загадувањето и воведената забрана за користење вода од градскиот водовод за пиење и подготовка на храна. Во екот на летната сезона, кога градот е преполн со повратници од странство и кога се одржуваат бројни свадби и семејни прослави, надлежните институции предупредуваат дека забраната мора строго да се почитува. Засилени ...
Професионалните екипи на ЈКП Гостивар и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје изработуваат план за повторно ставање во функција на гостиварскиот водовод. Планот предвидува континуирани контроли на квалитетот на водата на неколку јавни точки, додека министерот за здравство, Сашко Клековски, нагласува дека снабдувањето со вода ќе биде обновено само откако ќе се потврди дека таа е целосно безбедна за употреба. Во меѓувреме, Министерството за ...

