Трагедијата во Кочани и понатаму останува црна дамка во борбата против корупцијата. Исходот од истрагата за пожарот во Пулс влијаеше и на извештајот на Европската комисија. Корупцијата останува распространета во многу области и е прашање што предизвикува сериозна загриженост, пишува во извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава, во делот кој се однесува на корупцијата во Македонија. ИЗВЕШТАЈ НА ЕК - Трагедијата од 16 март 2025 ...

Во Кочани денеска се одржа Маршот на ангелите, предводен од семејствата на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ што се случи на 16 март годинава. Учесниците побараа во рок од една недела да добијат одговор на поднесените докази што, според нив, укажуваат на обиди за влијание врз постапката преку средби меѓу обвинети и оштетени. Доколку институциите не реагираат, семејствата најавија дека ќе ги интензивираат протестните маршеви. ...