Македонската ракометна репрезентација го користи периодот на пауза во женскиот ракомет и ќе одигра пријателски турнир во Турција. Овие денови девојките предводени од Кристијан Грчевски работат и тренираат во Кавадарци, за практичност поради клупскиот ангажманот на селекторот во машкиот клуб Тиквеш. Македонските ракометарки добија повик и беа на пречек кај градоначалникот на градот Митко Јанчев. ...
Женската ракометна сениорска репрезентација денеска имаше посета на општина Кавадарци и на првиот човек на овој град, господинот Митко Јанчев. Во пријатна атмосфера, на средбата беа разменети мислења од областа на ракометот, но и воопшто спортот, бидејќи е добро познато, дека поголемиот дел од спортските колективи во Кавадарци опстојуваат пред се благодарение на помошта на општината. Градоначалникот Јанчев им посака на ракометарките добар пат, ...

