На состанокот, се информираше дека, пожарот е делумно локализиран и нема опасност од негово ширење кон градот и населените места. Сите потребни ресурси за пожарникарите и останатите вклучени во борбата со огнената стихија се обезбедени и има доволна количина на храна и вода. Општина Битола изразува посебна благодарност до сите правни и физички лица кои понудија помош со достава на вода, но општината апелира доколку некој сака да помогне на било ...

Од синоќа поради пожар затворена за сообраќај е и обиколницата кај Битола, а двајца пожарникари полесно се повредени. Едниот кој имал изгореници на дланките и на подлактицата е хоспитализиран во битолската болница, а другиот е пуштен на домашно лекување. Сообраќајот се пренасочува сообраќајот низ градот Битола. Пожарот засега не претставуваше опасност за градот. Повеќе од 120 пожарникари, доброволци и возила на противпожарната единица ноќеска ...