Лизгање на земјиштето, паднати карпи, блокирани патишта и поплави на грчкиот остров Крф, во областа Епир, градовите Јанина, Арта, Парга и Игуменица, како и во други делови на западна и северозападна Грција предизвика силното невреме со обилни врнежи од дожд, грмотевици и ветер, јави дописничката на МИА од Атина. Според локалните медиуми, на Крф обилните дождови предизвикаа сериозни штети во северниот дел од островот, при што многу области се ...

Во општините Загори, Филијатес и Зирос е прогласена вонредна состојба, додека северен Крф претрпе значителни штети во инфраструктурата, објави ERT News. Селата во северна Џумерка останаа без електрична енергија, а проблеми се пријавени и во планинските области Каламбака, Кожани и Аспропотамос. Во Филипијада, поплавите, паднатите столбови и лизгањето на земјиштето предизвикаа сериозни нарушувања, додека слични проблеми беа пријавени и во општина ...