Евроинтеграцијата не се гради во Брисел, туку дома, во нашите одлуки и начинот на кој постигнуваме консензус, порача претседателот на Собранието, Африм Гаши, на осмата пленарна конференција на Националната конвенција за Европската Унија (НКЕУ-МК), одржана денеска во Собранието. Гаши нагласи дека ниту едно билатерално прашање не смее да биде пречка за напредокот кон ЕУ, додавајќи дека примерите на Албанија и Црна Гора покажуваат дека процесот е ...
На денешната седница на Националниот совет за евроинтеграција, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати сериозни критики за состојбата со реформите и европскиот пат на државата, нагласувајќи дека Македонија стои во место, а владата нема политичка волја за суштински реформи. „Јасно кажува овој извештај, дека реформи нема, го губиме времето. Ова е еден од најлошите извештаи кои што државата го добила. Полош е само тој во 2015 година, кога сме ...

