По две недели, Собранието од денеска продолжува редовно да функционира. Закажани се и комисии и пленарни седници. Одлуката, телата на законодавниот дом да не заседаваат поради трагедијата во Кочани, предизвика лавина реакции во јавноста, која критикуваше дека пратениците не си ја работат работата за којашто се платени и бегаат од одговорност. Собранието пак, се правдаше дека работата продолжила во други вообичаени форми, преку координации, ...

Денес во Парламентот ќе се одржат седници на две тела – Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија. На агендата на двете парламентарни комисии се наоѓаат идентични точки. Првата е Предлог на законот за даночно ослободување, со цел остварување на одлуката за склучување анекс на договорот за концесија за измена на намената на дел од средствата, по скратена постапка. Втората точка е Предлог-програмата за дополнување на ...