Дел од градовите низ Македонија денеска се соочуваат со обилни врнежи и поплави, при што најкритична е ситуацијата во Ромско маало во Кичево, каде речиси сите куќи се поплавени, а жителите итно бараат помош. Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата на поголемиот дел од земјата е стабилна и без нарушување на редовната состојба. Во северниот дел на земјата, Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Крива Паланка, ...
Ваква е состојбата по поплавите на улицата „Прилепска“ во Кичево. Жителите загрижени, ги чистат своите домови кои се полни со вода, откако реката Зајаз, која минува покрај населбата, излезе од коритото. „Каде да одам? Немаме ништо, вака како што ме гледаш. Немаме каде да одиме, не е работа за еден ден. Ситуацијата е таква во целата населба, сè е под вода. Некои заминале кај семејства, некои во автомобили, некои на улица. Имаме мало дете од ...
Поплавени куќи, подруми и дворови, непроодни улици, заглавени автомобили под вода излеани реки ваква е сликата во Охрид по обилните врнежи од дожд. Дел од граѓанитеБожиќните празници ги поминаа будни справувајќи се со невремето. Кризниот штаб на итен состанок, преку мапирање на критичните точки ги интензивира теренските активности. Екипите на општинските јавни претпријатија интензивно работат на терен на повеќе локации во Охрид за надминување ...

