Одличен натпревар, полн со неизвесноти и пресврти, одиграа вчера вечер одбојкарите на ГОК„Борец“ и ОК „Универзитет Тетово“. Првите два сета ги добија гостите со 22:25 и 17:25. Во третиот сет имаа предност од 24:21 и речиси добиен натпревар. Публиката беше разочарана од исходот и веќе станата од столчињата за да ја напушта салата,кога со неколку сервиси Димовски го „врати” „Борец“во игра и сетот го добија домаќините со 28:26. Инаку првите два ...

Во првата државна плеј оф одбојкарска лига ГОК „Борец“ изгуби од ОК „Сее Универзитет Тетово“ со резултат 0:3. По сетови 16:25,15:25 и 23:25. Одбојкарите на Борец го одиграа најслабиот натпревар во годинешново првенство. Против составот од Тетово одиграа под секое ниво, делуваа незаинтересирано, безкрвно. Гостите не покажаа некоја игра но беа подобри и заслужено стигнаа до победата. Во првите два сета играчите на Борец делуваа како почетници и ...