На штандовите ќе има домашен ајвар, лутеница и макало, мед и пчелни производи, маџун, џемови, мармалади, путери, органски сокови, вина и дестилати, како и други овошни и зеленчукови преработки. Мали земјоделци и рурални производители од различни краишта на Македонија ќе ги претстават своите производи. Посетителите ќе можат да слушнат како се подготвуваат, да прашаат што им го дава препознатливиот вкус и да купат директно од производителите. ...

На 13 декември, од 10:00 до 19:00 часот, на приземје во Скопје Сити Мол, посетителите на Саемот на македонска традиционална храна ќе можат повторно да ги откријат тие вкусови и да ги запознаат луѓето што ги создаваат. Саемот, кој е во организација на Националната федерација на фармери се одржува по мотото „Со мерак произведено со уживање изедено“. На штандовите ќе има домашен ајвар, лутеница и макало, мед и пчелни производи, маџун, џемови, ...

Саем на македонска традиционална храна ќе се одржи на 13. декември од 10 до 19 часот, на приземје во Скопје Сити Мол. Саемот, кој е во организација на Националната федерација на фармери се одржува по мотото „Со мерак произведено со уживање изедено“. „Замислете парче топол леб со џем од теглата што баба ја чувала за кога ќе ѝ дојдете. За некого вкусот на дома е токму тој. За друг е мирисот на печени пиперки или првата лажичка мед наутро. ...