Премиерата ќе се одржи во Македонскиот народен театар на 5 декември од 21 часот а документарниот филм е продолжување на одбележувањето на 30 годишното постоење на овој трочлен феномен во Македонија.По три распродадени настапи во Арената „Борис Трајковски“, ова е следниот уште еден чекор – да се открие целата приказна на големо платно. По три децении смеење, провокации, хумор и реплики кои станаа дел од секојдневниот јазик, легендарните К-15 ...

Вечерва во Скопје се одржува премиерата на филмот „Ера“ на режисерката Парта Кељменди. Проекцијата е закажана во 20:00 часот во Младинскиот културен центар – Кино Фросина. Филмските куќи List Production и TV21 го претставуваат филмот како „приказна за храброста, љубовта и сеќавањето“, како и „филм што зборува за времето, слободата и за нас“. Филмот веќе доби меѓународни признанија и беше дел од официјалниот селекционен избор на Бруклин Филм ...