„Законот за употреба на јазиците, усвоен во 2018 година и кој стапи во сила во 2019 година, претставува значаен акт и достигнување во остварувањето на јазичните права на Албанците, во согласност со Амандманот V на Уставот и Охридскиот мировен договор, од кој произлегува и со кој е поврзано ова право. Охридскиот мировен договор истовремено претставува пресвртница и темел на правната и институционалната вклученост на Албанците во државата. ...
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, му испрати јавно писмо на министерот за правда, Јетон Шасивари, во кое го прашува за јазичните права на Албанците, за почитувањето на правниот поредок на државата и за „спроведувањето на едно право стекнато со големи жртви, политички отпор и институционални напори“. Ахмети вели дека ова прашање било надвор од рамките на правните толкувања, „кои вие, намерно или ненамерно, имате тенденција да ги изолирате и ...

