Рутински и убедливо. Кошаркарите на МЗТ Скопје А. без поголеми проблеми ја прокнижија и осмата победа оваа сезона, откако вечерва во мечот од 9. коло во домашниот шампионат пред своите навивачи го совладаа Кожув со високи 101:79. Победата беше најавена уште во воведните 20 минути од мечот. Особено моќен беше вториот период во кој момците на Атанасов направија +14 и практично ги откажаа гостите. По паузата следуваше уште еден 10-минутен период ...

Кошаркарите на МЗТ Скопје запишаа рутинска победа од 101-79 над Кожув во Првата македонска кошаркарска лига, со што го продолжуваат максималниот ефект сезонава. „Металците“ уште од стартот покажаа кој е кој на мечот, иако гостите пружија сериозен отпор во првиот период од играта. Но, втората четвртина домашните ја добија со 29-15 и тогаш веќе беше јасно кој ќе ја однесе победата. Во второто полувреме уште поубедливо добивањето на третата ...

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје покажа моќ и славеше убедливо над Кожув (101-79) во дуелот кој се одигра во рамки на деветотто коло од машката кошаркарска Суперлига. „Штрковите“ од Аеродром имаат скор 8-1 оваа сезона, додека гевгеличани се на скор 5-4. Што се однесува до дуелот во Аеродром, МЗТ не дозволи реприза на Суперкупот на Македонија, каде ептен се измачи да го победи Кожув. Доминираше домашната екипа од првата до последната ...