Дојавата за пожарот во Територијалната против пожарна единица Велес, била примена ноќва, два часа по полноќ, додека интервенцијата на пожарникарите траела во наредните шест часа. Пожарот бил затекнат во развиена фаза. Гореле сува трева и грмушки, освен покрај железничката пруга Велес – Прилеп уште на две места во селото. Во гаснењето на пожарот интервенирале три против пожарни возила и седум пожарникари. Била вклучена и цистерна на јавното ...
Дожд го изгасна ноќва пожарот кој четири деноноќија пеплосуваше ниска вегетација и единечни дрвја на местото викано Сватови, над село Нежилово, во општина Чашка. Огнот зафатил смреки. Според надлежните пожарот избил на надморска височина од 1.300 и стигнал до 1.900 метри. Невозможно било да се гасне од земја. Селото Нежилово се наоѓа во богомилскиот атар веднаш под соседните Папрадиште и Ореше. Пределот е дел од големи и квалитетни насади со ...

