Хрватскиот стратег Игор Тудор вечерва во 21:00 часот со Тотенхем го пречекува Кристал Палас во третиот натпревар откако ги презеде Спарс. Ова е исто така трето последователно лондонско дерби во првенството за Тудор, а ги загуби двата претходни, против Арсенал со 1:4 и против Фулам со 1:2. Сега го чека нов тежок натпревар. Кристал Палас е актуелен победник на ФА Купот, но сега им е потребна победа на гости против Тотенхем за да избегаат од ...

Се чинеше дека кризата во Тотенхем не може да биде подлабока, но лондонскиот клуб секогаш наоѓа начин да нè изненади. Според натписите на британскиот „Телеграф“, раководството на Спарс сериозно размислува за нова шок-терапија: отказ за Игор Тудор по само три натпревари на клупата! Хрватскиот стратег пристигна во северен Лондон кон средината на февруари (наследувајќи го Томас Франк) со задача да го спаси тимот од испаѓање, но неговиот почеток ...