Премиерот Христијан Мицкоски му посака брзо оздравување на градоначалникот на општина Карпош и негов пријател, Сотир Лукровски, но порача дека не е овластен да каже од што е болен. Тој практично ги негираше тврдењата дека Лукровски си поднел оставка порачувајќи му на новинарот што му постави прашањето – од каде му е заклучокот дека градоначалникот го направил тоа? И за оваа драма тој прстот го впери во „политичките гладијатори“. „Имаше такви ...
Градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски не дал оставка, тој е на боледување, изјави за „Локално“ премиерот Христијан Мицкоски. Тој рече дека градоначалникот е на боледување и дека моментално општината има законски назначен заменик на градоначалникот. -Не знам од каде ви е заклучокот дека градоначалникот на Карпош дал оставка. Градоначалникот на Карпош е на боледување. Моментално во Општината имаме законски избран заменик градоначалник, ...

