Владо Јаневски е роден на 27 ноември 1960 во Скопје. Тој е еден од најпознатите македонски поп-пејачи и композитори. Има издадено 6 студиски албуми со големи хитови како „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“, „Не зори зоро“, „Еден бакнеж“ итн. Има завршено Филолошки факултет, отсек англиски јазик и литература. Членувал во музичките групи Тост сендвич ...
Оливера Ќорвезироска е родена во Куманово на 29 ноември 1965 година. Основно и средно училиште завршила во Куманово, а Филолошки факултет во Скопје, каде живее и работи. По дипломирањето, таа се вработила во НИП „Нова Македонија“ како лектор. Во 1985 година станала членка на Друштвото на писатели на Македонија. Делата на Ќорвезироска се преведени на: албански, српски, англиски, француски, турски, чешки, словенечки, полски, руски, унгарски и ...

