Еден возач е приведен откако попладнево во скопската населба Чаир со автомобил удрил во дете пешак и побегнал од местото на несреќата, соопшти полицијата. Според информациите од СВР Скопје, околу 14:50 часот било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Џон Кенеди“, „Максут Садик“ и „Македонска бригада“, патничко возило „голф“ со скопски регистарски таблички удрило во дете. По ударот, возачот го оставил автомобилот и се оддалечил. ...
Лишен од слобода возачот кој денеска попладне со возило во скопски Чаир удри во дете и избега. Денеска (29.12.2025) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.И.(65) поради сторено кривично дело по член 300 од Кривичниот законик. Имено, денеска во 14:50 часот во СВР Скопје беше пријавено дека на крстосница на ул.”Џон Кенеди”, ул.”Максут Садик” и ул.”Македонска бригада” патничко возило “голф” со скопски регистарски таблички ...

