Добивај вести на Viber Хидролошката состојба во Црна Гора одеднаш се влоши, а поплави и излевање на реките се регистрирани во неколку градови и општини. Надлежните служби се на терен, додека граѓаните се повикуваат да бидат претпазливи и да ги следат упатствата на институциите, пренесе „Цдм“. „Ситуацијата во главниот град, поради обилните врнежи од дожд, е под контрола колку што може да биде во овие услови“, изјави раководителот на Службата ...

Според пријавите и интервенциите споделени на Фејсбук страницата на ЦУК синоќа до 21 часот, во Кичево евекуирани се 60 лица откако биле поплавени станбени објекти на ул. „Прилепска“. Регистрирани биле одрони на патот Гостивар – Стража, но сообраќајот се одвива редовно, а на патот Тетово – Бањиче одрони покрај коловозот го отежнувале сообраќајот. Кај Балин Дол од излевање на Вардар, поплавени се 10 земјоделски парцели и неколку дворови и ...