Ќе се поместат ли работите од мртва точка? Утре се очекува да биде објавена оценката на обвинителниот акт за предметот Пулс, што претставува предуслов за започнување на судскиот процес за катастрофалниот пожар од кобниот 16ти март. Од Кривичен напоменуваат дека се работи за предмет со 37 обвинети правни и физички лица застапувани од 33 бранители. Од таму прстот го вперуваат во дел од адвокатите и претставниците на правните лица и велат дека ...
Советот за оцена на обвинителен акт при Основниот кривичен суд – Скопје, постапувајќи по обвинението К-ООА бр. 155/25 за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, донесе решение со кое го одобри обвинителниот акт во целост. Судот соопшти дека по исполнување на сите законски предуслови, советот ја завршил фазата на оценка и дека е оформен нов кривичен предмет со ознака К.бр. 1872/25, по кој ќе се постапува натаму согласно распоредот на АКМИС. Од ...
Според најавите, денеска треба да биде оценет обвинителниот акт за пожарот во кочанската дискотека. Истекуваат и законските рокови за прием и достава на приговор. За пожарот во „Пулс“, во Обвинителството за гонење организиран криминал, истрага и анализа на обезбедените докази се води и за 29-мина полициски службеници. Наскоро се очекува обвинението и за нив. Покрај пораките на инспекторите на УЈП со сопственикот на дискотеката, има уште многу ...

