„Волстрит џурнал“ наведува дека израелските тактики се базираат на постојан притисок: прво се истиснуваат безбедносните сили од своите штабови, потоа се следат до местата за собирање, па во импровизираните скривалишта, каде што повторно стануваат цел. Целта е да се исцрпат, да се дестабилизираат и да му се покаже на населението дека повеќе не се недопирливи. Воените експерти предупредуваат дека е исклучително тешко да се собори режимот само ...
Деновиве беа обесени тројца Иранчани, кои биле дел од масовните протести во декември и јануари, во кои тамошниот режим уби илјадници свои граѓани, пишува Iran International. Нема официјални податоци колку лица, претежно млади, осуди на смрт, се погубени по протестите. Затворите како што пренесуваат светските медиуми се преполни со лица кои беа уапсени по протестите, а иранските власти јавно преку државните медиуми им се заканија на своите ...

