На 20.01.2026 Единицата за корупција во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против Ѓ.Р. (53) од Неготино, со живеалиште во Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „противправно стекнување и прикривање имот” по чл.359-а ст.3 в.в. ст.1 и „перење пари и други приноси од казниво дело” по чл.273 ст.1 од КЗ. Ѓ.Р., во својство на службено лице – судија во ...