Многу корисници на огревно дрво не постапуваат правилно при манипулирањето со дрвата и при ракување на опремата за согорување. Затоа, понатаму ќе бидат дадени неколку објаснувања и совети на оваа тема. Првин неколку податоци за дрвото за огрев (во состојба: природно сушено). Тоа содржи приближно 43% јаглерод, 36% кислород, 5% водород, 15% вода и 1% пепел. Неговата калориска вредност е 4,0 до 4,3 kW/kg. При согорување на дрвото се постигнува ...

Некои специфичности и совети при греењето со дрва За да има добро согорување на дрвото во печката, потребен е постојан довод на свеж воздух и непречен излез на димните гасови, односно да има промаја која се остварува низ ложиштето и оџакот. При недоволно присуство на свеж воздух са јавува неквалитетно согорување и тогаш се таложат саѓи и материја слична на катран. Притоа е можна појава на пламен во оџакот и опасност од пожар. За таа цел потребно ...