Искусниот Александар Петровиќ од пред неколку дена е нов тренер на Гостивар, тим кој успеа да го разбуди и да го нокаутира Пелистер на вечерашниот меч во Суперлигата. Битолчани важеа за апсолутни фаворити на соочувањето во салата „Младост“, но одличното прво полувреме кое го имаа домаќините се покажа како пресудно за гостиварци за да на крајот слават со 89:86. Избраниците на Петровиќ го добија првиот дел со 46:32, Пелистер се обиде да одговори ...
Кошаркарите на Гостивар денеска го пречекуваат КК Пелистер во рамки на 8. коло од Супер лигата, натпревар што носи посебна тежина за домаќините на кои им е неопходна победа. Нова надеж за гостиварци е промената на клупата, каде што Александар Петровиќ ќе го има своето деби како прв тренер. Петровиќ ја презеде екипата по разочарувачкиот старт на сезоната и ја има задачата да внесе стабилност, дисциплина и нова енергија во играта на тимот. ...
Александар Петровиќ добро ќе го памети дебито на клупата на Гостивар со кој успеа да го совлада својот поранешен клуб Пелистер со 89-86 приредувајќи големо изненадување во 8. коло од Суперлигата. Гостивар влезе во натпреварот со само еден триумф во досегашниот дел од сезоната против еден од лидерите на првенството, но покажа храбра и пожртвувана игра од стартот до самиот финиш. „Сино-белите“ имаа предност од 19-10 по првата четвртина која ...

