Денеска, на 75 годишна возраст, почина проф. д-р. Владимир Ортаковски, редовен професор на Факултетот за безбедност во Скопје и декан на истиот. Во еден мандат беше и заменик министер за наука. Ортаковски беше член на Американското здружение за меѓународно право во Вашингтон од 1995 година; член на Меѓународниот институт за хуманитарно право во Санремо, Италија од 1998 година; како и заменик претседател на Комисијата за дисеминација на ...

Со голема тага академската заедница ја прими веста за смртта на професорот Владимир Ортаковски – еден од најистакнатите македонски научници во областа на меѓународното право, дипломатијата и безбедноста. Во објава на социјалните мрежи, професорката Фросина Ременски се прости од својот долгогодишен ментор и колега, опишувајќи го како „врвен истражувач, научник, претпоставен, но пред сè човек со огромно хумано срце – најголем пријател на децата“. ...

Тажната вест ја објави Фросина Ременски: Со голема тага ја примив веста за смртта на мојот почитуван професор Владимир Ортаковски. Проф.д-р Владимир Ортаковски беше врвен ментор, истражувач, научник, претпоставен, но пред се’ Човек со огромно хумано срце – најголем пријател на децата. Светски докажан научник во областа на меѓународното право, меѓународното хуманитарно и јавно право, дипломатијата и безбедноста, добитник на бројни државни награди ...