14 февруари во Македонија има ретка, убава двојност. Традиционално на денот се одбележува Св. Трифун, празник што кај нас се врзува со лозјето и виното, со симболично „закројување“ на виновата лоза како почеток на новата лозарска година. Од друга страна е Св. Валентин, ден кој многумина го поврзуваат со љубовта и малите вниманија. Токму таа можност двојно да се прослави еден ден, ја претворија во своја лична приказна пријателките и ...
Со традиционално закројување на виновата лоза, во винарницата „Стоби“ денеска беше одбележан големиот христијански празник Св. Трифун – заштитникот на лозарите и винарите. Празникот, кој симболично го означува почетокот на новата лозарска година, се слави со молитва за здрав род, бериќет и успешна берба. Пригодна богослужба одржа свештено лице од Повардарската епархија. Првото закројување како и секоја година го сторија сопственичката и ...

