Ракометната репрезентација на Македонија ќе добие огромно засилување во бековската линија. Левиот бек на Вардар, Дмитро Хориха, официјално потврди дека ја прифатил поканата да го облече „црвено-жолтиот“ дрес. Украинецот, кој неодамна доби македонски пасош, во ексклузивна изјава за „МакСпорт“ откри дека веќе разговарал со селекторот Кирил Лазаров и дека одбројува до моментот кога ќе дебитира. „Сакам да играм за Македонија, се е договорено!“ „Да, ...

Во изјава за „МакСпорт“, Хориха потврди дека веќе разговарал со Лазаров и ќе биде во комбинација за настап за Македонија од април 2026 година. Тој е од Украина и за да добие право за настап за Македонија мора да помине 36 месеци со престој во нашата земја како и да поминат три години од неговиот последен настап за украинската репрезентација. Сето тоа ќе биде исполнето во април 2026 година, по што тој ќе може да му се стави на располагање на ...