Во пресрет на новогодишните празници, МВР спроведува засилена акција за спречување на употребата, но и нелегалната продажба на пиротехника. Само во последниот месец запленети се над 30 илјади парчиња пиротехника. Акцијата ќе продолжи и во наредниот период. Надлежните апелираат на сериозност и внимателност, со цел да не се повторат непријатните искуства од минатото. Денеска беше организирана и симулациска вежба, со која беше прикажана реална ...

Како што се наближуваат празниците така расте употребата на пиротехнички средства. Неодамна полицијата заплени 7000 парчиња опасна пиротехника на тезги во Битпазар,во Штип беа пронајдени 4300 парчиња кои се продавале на плоштадот и уште 400 во домот на жител во струшкото село Долна Белица. Од полицијата најавуваат засилени акции во однос на употребата на пиротехника особени во туристичките центри каде за празнувањата ќе има најголема фреквенција ...

Министерството за внатрешни работи значително ги засили превентивните и репресивните мерки против нелегалната употреба на пиротехнички средства, при што годинава се запленети речиси трипати повеќе пиротехника во споредба со минатата година. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на Плоштад „Македонија“, заедно со директорката на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, д-р Јасмина Георгиевска-Павловска и генералниот ...