Најсветското издание на „Златна бубамара на популарноста“ се одржа вчера (26 февруари) во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Цела сала беше на нозе на настапот на легендарната британска соул, фанк и диско група „Делегејшн“ и американската соул ѕвезда Марта Хај, која 34 години му беше придружен вокал на Џејмс Браун. Енергичната Марта Хај (81) го испеа токму најголемиот хит на Џејмс Браун „Се чувствувам добро“ (I Feel Good), а ја придружуваше ...

Шоуто за сите генерации, „Златна бубамара на популарноста“, се одржа по 29. пат, во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Најпопуларната манифестација кај нас го оправда мотото под кое се одржа годинава – „Апсолутна власт, апсолутна забава“, за што беше најзаслужно комичното дуо Атанас и Тино. Публиката уживаше во вечер исполнета со смеа, музика и актуелни теми од домашната сцена. Атанас и Тино со своето стендап-шоу ја кренаа атмосферата во ...