Македонските граѓани секоја година трошат поголеми количини на вода, но наплатата на сметките се намалува. Од друга страна, загубите на вода на национално ниво се искачија на 64 отсто заради застарената мрежа, но наместо инвестиции, јавните комунални претпријатија го зголемиле бројот на вработени. Цената на водата најчесто не ги покрива ниту основните трошоци за работа, но и покрај тоа голем дел од комуналните претпријатија не побарале нови ...
Анализите на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) покажуваат дека од година во година се троши сè поголема количина вода, наплатата опаѓа, а бројот на вработени во јавните водоводни претпријатија расте. Со цел во блиска иднина граѓаните да не ја заменат водата од чешма со шишеви, РКЕ смета дека е неопходно да се воспостави централизирана надлежност за формирање на конечната цена на водата. Актуелниот систем за определување ...

