„Се чувствувам како будала“, изјави Мирослав Лајчак во интервју за Радио Словачка, откако поднесе оставка од позицијата советник за национална безбедност на премиерот Роберт Фицо, по објавата на американски документи со пораки меѓу него и Епштајн од 2018 година. Лајчак, кој во тоа време бил министер за надворешни работи на Словачка, во пораките – како што пренесува Euronews – разговарал со Епштајн за дипломатија и жени, а во една размена ...

Лајчак, кој претходно поднесе оставка од функцијата советник на премиерот Роберт Фицо, во интервју за Словачкото радио изјави дека не може ниту да ја потврди ниту да ја негира содржината на пораките. „Искрено, не се сеќавам на тие пораки. Не можам да ги потврдам, но не можам ниту да ги негирам... Се чувствувам како идиот“, рече словачкиот дипломат откако ги препрочита пораките. Тој призна дека имал лоша проценка и „несоодветна комуникација“, ...