Во пресрет на концертот под свеќи на камерниот оркестар „Профундис“, кој ќе се одржи на 22 март во Филхармонијата, тимот на оркестарот го осветли Мостот на уметноста во Скопје. „Ставањето свеќи на мостот привлече бројни минувачи и љубители на класичната музика“, велат од „Профундис“, кој лани одржа концерт во Филхармонијата со илјадници (вештачки) свеќи на сцената. Како гостин на концертот ќе настапи младиот српски челист Петар Пејчиќ, а ...
Влатко Стефановски закажа втор концерт на 10 мај во Филхармонијата откако се распродаде првиот на 9 мај. Со концертите, легендарниот гитарист ќе слави 50 години кариера. Стефановски претходно рече дека со радост и ентузијазам го подготвува скопскиот настан, откако распродаде концерти низ регионот, но и во Лондон и Виена. „Размислувавме долго каде треба да се одржи скопскиот концерт и одлучивме дека Филхармонијата е сепак најсоодветен простор. ...
Во пресрет на концертниот спектакл „Кендллајт тајмлес“, кој ќе се одржи на 22 март во Македонската филхармонија, многубројни свеќи го осветлија Мостот на уметноста во срцето на Скопје, создавајќи магична атмосфера што го најави овој уникатен музички настан. Настанот, кој се одржа во четвртокот, привлече голем број минувачи и љубители на класичната музика, кои беа сведоци на несекојдневен визуелен спектакл. Еден од најдобрите млади виолончелисти ...